• Облога на ѕидови и тавани за подпокривни прозорци

Таванските пространства на куќите обично до сега се користени само за складирање, кријат можности за создавање на нови и атрактивни пространства за живеење. При тоа, тука може да биде создадено (во зависност од димензијата и можноста за присвојување на попокривното пространство), дополнително пространство за живеење. На пример, пентхаус со достап до долнот кат или одвоени апартмани под покривот.

За создавање на удобно и корисно подпокривно пространство, кое не само да изгледа добро, но и да има многу добра топлинска и звучна изолација, најлесноно и добро решение е градење на облога со гипсените плочи Кнауф или гипсфазерните плочи Vidiwall.

За да се намали ризикот од напукување на фугите се препорачува користење на гипсфазерни плочи со метални или дрвени конструкции, затоа што тие се со еднакво линеарно продолжување како и дрвото. Исто така се гарантира и висока степен на заштита од пожар и шум од вибрациите на металната конструкција.

Облогите на таванските катови со плочи Кнауф се монтираат со помош на дрвена конструкција од монтажни летви или метална конструкција Knauf Richter.

При должини над 8 м и значително стеснета површина на таванот е неопходно да се предвидат деформациски фуги. Деформациските фуги на грубата градба треба да се повторуваат и во конструкцијата на облогата. Во шупливиот простор се вградуваат изолациски материјали за дополнителна звучна и термоизолација, како и сите неопходни инсталации (електрична, водопровод и канализација и др.).

При монолитните градби се препорачува обложување на ѕидовите и таваните на подпокривниот простор со гипсени плочи Кнауф.

Оформувањето на фугите и завршната работа се решавачки фактор за квалитетот на сувата градба. Плочите Кнауф се со мазна површина, погодна за нанесување на боја, тапети и лепење на плочки. Во зависност од формата на кантот на користените плочи се применува соодветна техника на фугирање со материјал Uniflott и стаклофазерна арматурна лента. Заради конструктивни причини зоните на преход од таван кон кровен нагиб и од кровен нагиб кон ѕид, се фугираат со хартиена арматурна лента и Uniflott. Преминувањето, како и аглите кон други градежни елементи се оформуваат со помош на ленти за разделување.

Сакате таванот да го претворите во удобна дневна соба?

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или