НАJНЕВЕРОJAТНИТЕ ОТКРИТИJA НАЈДЕНИ ВO ПОТКРОВЈАТА НИЗ СВЕТОТ
За никој не е тајна дека постојат два основни начини да се искористи просторот во поткровјето. Обично тоа е или искористениот дел од домот за живеење, или складиште за најразлични работи – од опрема за зимски спортови, чие место подоцна го заземаат зимниците, од новогодишна декорација, до играчки на веќе големите деца, а да не ги заборавиме и сите предмети, што ние ги сакаме, но треба да ги фрлиме.
И ако тоа се повеќето класични случаи, тогаш подгответе се да прочитате за некои од најпознатите неверојатни нешта, заборавени од човекот и времето и пронајдени некогаш на тавани или со други зборови – листа на нејневеројатните предмети кои биле откриени во напуштени поткровја.
Ако го читате ова дома под прозорецот на покривот, ви посакуваме максимално да уживате во фактот што вашиот дом ја има првата можна примена, а не втората. Ако сте од вториот тип, размислете за тоа – нема ништо лошо да правите пролетно чистење и да се забавувате со работите што можете да ги пронајдете на таванот.
СОМНИТЕЛНИ ПРЕДМЕТИ
Особено ако просторот е во стара кооперација или куќа, наследувана од генерација на генерација, шансите да се најде нешто сомнително што припаѓало на некој дедо – ветеран не се воопшто мали. Замислете каков бил шокот што го доживеал човек од американската сојузна држава Милвоки, кога на таванот нашол 4 парчиња рачни гранати. Тоа не значи да се упатите во потрага на опасни оружја на таванот, но во случај да се најдете дури во слична ситуација е добро да побарате професионална помош. Така и направил пронаоѓачот на опасните предмети, кој ги повикал специјалните единици, за да ги превезат гранатите на безбедно место каде биле уништени.
ПРЕДМЕТИ СО РЕТКА ИСТОРИСКА ВРЕДНОСТ
Да, ова е случај на едно запуштено поткровје во Нешвил, Тенеси – каде што се откриени стари аудиоснимки на познатиот свештеник и публицист Мартин Лутер Кинг. Сопственикот на поткровјето, човек по име Стивен Тал, го расчистувал таванот на својот татко кога открил стари аудиоснимки со име “Др. Кинг Интервју, септември 1960 “. Ова се нарекува наод. Изненадениот човек не бил помалку шокиран додека ја слушал снимката на која јасно се разликуваат гласовите на неговиот татко и Мартин Лутер Кинг. Синот на трговец за осигурување, Стивен не може да ја замисли вредноста на неговото откритие во историски план. Неговиот татко имал некои верувања и позиции во областа на човековите права и напишал книга која била повод за ова интервју. Книгата не видела бел свет, за сметка на снимката која беше продадена на аукција и купена од институција за историско наследство.
ПРЕДМЕТИ КОИ СЕ СОПСТВЕНОСТ НА ИСТОРИСКИ ЛИЧНОСТИ
Наведените до тука се навистина исклучителни откритија. Но, следното е уште позачудувачко затоа што припаѓа на една од најсуровите историски личности. Човекот кој го натерал светот да трепери пред неговата личност, всушност, бил страстен љубител на класичната музика. Станува збор за Адолф Хитлер. По падот на Нацистичка Германија и крајот на Втората Светска Војна, личните предмети на Хитлер, пронајдени во штабот на нацистичката партија во Берлин, биле прописно спакувани и натпишани, за да бидат однесени во неговата тврдина, во јужна Германија.
Очигледно рускиот Капетан Лев Бесименски не одолеал на искушението да си задржи сувенир од тогашните историски настани кои го сменија ликот на целиот свет. Така Хитлеровата лична колекција на класични трудови завршува во неговото поткровје. Колекцијата излегува на бел свет благодарение на неговата ќерка, која всушност имала најневина намера. да го најде рекетот за бадминтон на таванот. Меѓу записите имало уметнички дела на композиторите: Петар Чајковски, Александар Бородин и Сергеј Рахмањинов, сите тие трудољубиво натпишани и означени со нацистички знаци.
НЕВОЗМОЖНИ УСЛОВИ
Навистина не е за верување, но шоков (електричeн) пиштол всушност доведува до откривањето на ретката виола Страдивариус, вредна над 5 милиони долари. Инструментот кој бил украден од сопственикот на Симфонискиот оркестар во Милвоки – Франк Алмонд. Тој се движел кон својот автомобил, кога бил нападнат со електричен пиштол и виолата му била украдена. Полицијата го следела крадецот благодарение на оружјето што го користел. Пронајдени биле вкупно три лица поврзани со грабежот, а сите траги за случајот собрани заедно, одвеле до поткровјето во источниот дел на градот. Вредната виола беше вратена на својот сопственик.
ИСПИТУВАЊЕ НА ЛИЧНОСТА
Да, точно тоа имаме во предвид. Што ќе направите ако најдете огромна сума пари на таванот, која, се разбира, не е ваша. Многумина од вас дури и не би се двоумеле во тој момент. Но, погледнете ја приказната за еден човек кој навистина се соочил со оваа сериозна дилема.
Неговото име е Џош Ферин од Јута. Еден ден Џош само ги подредувал своите инструменти во гаражата, кога забележал нешто како мала вратичка за пристап кон таванот, покриена со парче стар мокет. Љубопитноста го натерала да ја отвори вратичката и да истражи што има таму. Тој пронашол кутии за муниција, што се чинело дека биле во складиште од Втората светска војна. Но, кога ги отворил, тој бил изненаден. Ја повикал својата сопруга да се осигура дека она што го открил е вистинско. Во кутиите имало ролни банкноти. Не само неколку заштедени пари, туку богатство од 45.000 долари.
Тука започнува моралната дилема пред семејството на Џош. Замислете си се што му минувало низ главата. Таква сума одлично би го балансирала финансискиот живот на семејството, заемите за куќата, автомобилот, а зошто не и уште едно дете. Она што човекот сепак одлучува да го направи, не би можело да се купи со пари, а имено дал пример на двајцата синови постапувајќи чесно и ги вратил парите на сопствениците. Историјата не кажува дали добил финансиска награда за оваа доблесна постапка, но секако може да се рече дека понекогаш моралната вредност е поважна.
БЕЗЦЕНЕТО ПАРЧЕ УМЕТНОСТ
Со години на таванот во едно поткровје во Норвешка стои и собира прашина слика на познатиот сликар Винсент Ван Гог. Сопственикот на поткровјето бил свесен за нејзиното постоење, но долго време сметал дека сликата е фалсификат. Делото со име “Зајдисонце во Монтмайор” поминала над 100 години скриена од јавноста – кога сопствениците се решаваат да се поврзат со музејот на Ван Гог во Амстердам, за да утврдат дали навистина сликата е фалсификат. Експертите заклучиле дека веројатно е така, бидејќи не била потпишана, но постои и тврдењето дека самиот автор едноставно не ја сакал, затоа и не ја потпишал. Со напредокот на технологијата, со хемиска анализа, истражување со рендгенски зраци и собрани информации за сликата која самиот Ван Гог ја опишувал и спомнувал во писма до својот брат, е докажано дека делото е негова оригинална творба.
ЗА ЕДНИ ЃУБРЕ, БОГAТСТВО ЗА ДРУГИ
Сосема буквално – ѓубрето за некои може да биде вистинско богатство за други. Ова е случај и со обичен човек од Минесота, кој купува дом во кој има потреба од сериозно реновирање. Плановите на Дејвид Гонзалес вклучуваат и туркање ѕид за да се прошири една од просториите. Кога го турка ѕидот, Гонзалес буквално го открива светиот Грал за обожавателите на стрипови. Action Comics # 1, очигледно користен за изолација заедно со голем број на стари весници. Важното за овој стрип е поврзаноста со подемот на една од најголемите ѕвезди во стрип-светот – Супермен.
Гонзалез, тетка му и жена му го разменуваат стрипот едни со други. Како резултат на тоа се скинува задната корица. Лист од 75.000 долари. Стрипот е продаден на аукциска куќа за стрипови за вредност од 175 000 долари или за споредба – неколку пати по поскапа од вредноста на куќата на неговото семејство. Повторно само за споредба – копија од ова издание на стрипот до 2011 година бил во сопственост на актерот Николас Кејџ кој истата година го продава за над 2 милиони долари.
ПРОНАЈДОК ОД ДРЕВНИ ВРЕМИЊА
Се сеќавате ли кога како деца сте буричкале на таванот и сте наоѓале најразлични нешта, од кои вашата имагинацијата е тргнувала во далечни правци. Се што можете да кажете за сопствените пронајдоци ќе бледнее пред она што 10 годишниот Александар Кетлер го пронашол на таванот на својот дедо. Мумифицирано завиткано тело ставено во саркофаг, придружено со орнаменти, кои традиционално се стават во ковчегот. Замислете ја шокираноста на детето и изненадувањето од неверојатниот пронајдок. Реално приказната е прилично обична, дедо му едноставно си зел сувенир за време на патување во Северна Африка. На крајот, излегува дека целиот комплет е една умешна и доста вешто направена фалсификација. Се покажало дека телото е фабрички произведен метален скелет, завиткан со завои. Ова, се разбира, не го омаловажува по никаков начин пронајдокот и искуството што имал малиот Александар. Ако ништо друго, тоа е една интересна приказна која тој сигурно ќе ја раскажува низ времето.
Како што можете да се убедите – има навистина неверојатни работи што можат да се најдат во напуштен тавани.
Ќе бидеме среќни да ги слушнеме и вашите приказни, бидејќи сме сигурни дека на таванот сте наоѓале не помалку љубопитни нешта. А што мислите за идејата да направиме сопствена листа на најпознатите неверојатни нешта, пронајдени на македонска територија. Дали ќе пополниме исчезнати страници во нашата историја или ќе направиме шокантни откритија на вредни предмети од светот на уметноста. Сигурни сме дека имате што да ги споделите со нас, затоа – не двоумете се да контактирате со нас на нашата Facebook страница или на email: [email protected] .
Извор: www.odee.com