• VELUX кровен прозорец со горно управување

    Извлечете го максимумот од својата просторија. Нашите прозорци со горно управување ви овозможуваат да го поставите мебелот под прозорците и сепак комфорно да го отворате и затворате прозорецот. Нашата единствена горна рачка, исто така, ви овозможува да го вградите прозорецот на висина која ви дава совршен поглед, без разлика дали стоите или седите.

Горно управување

Оригинален кровен прозорец со единствено горно управување.
Елегантна рачка за отворање – нов дизајн за отворањето и за затворањето со користење на една рака да биде уште полесно.
Сега е достапен со интегрирана вентилација.

  • Свеж воздух низ вентилацискиот преклоп

    Пуштете свеж воздух во вашиот дом, дури и кога не сте дома или кога спиете. Потребно е еднаш да се повлече вентилацискиот преклоп и тој ќе овозможи свежиот, филтриран воздух да влезе од врвот на прозорецот, дури и кога прозорецот е затворен, без да се грижите за прашината и за инсектите.

Висина на вградување и мебел

Совршено е за парапетни ѕидови до 130 cm над нивото на подот.

Горното управување ви дава можност да поставите маса или софа под прозорецот и да можете комфорно да го отворате прозорецот.

  • Чист, филтриран и свеж воздух

    Вградениот филтер за воздух обезбедува поздрав животен простор, бидејќи не им дозволува на прашината и на инсектите да влезат во вашиот дом. Филтерот е лесен за одржување, треба само да се помине со правосмукалка.

Најпопуларна големина
66 x 118cm

  • Зошто прозорецот со горно управување е вистинско решение?

    Само VELUX кровните прозорци се дизајнирани со горно управување. Тие имаат две главни предности: со прозорецот лесно се ракува, дури и кога мебелот е директно под него; прозорецот е вграден пониско во покривот, така што се добива извонреден поглед и кога се седи и кога се стои.

Ако сакате во вашето поткровје да ставите VELUX кровни прозорци

или