• VELUX кровен прозорец со долно управување

    Се отвора со помош на елегантна рачка на дното од прозорецот. Овој прозорец го препорачуваме како решение кога е тоа потребно или кога сакате прозорецот да го поставите на поголема висина, на пример поради високиот парапетен ѕид.

Долно управување

Елегантна рачка на дното, за прозорци кои треба високо да се вградат.
Нов вентилациски систем во две нивоа кој нуди вентилација дури и кога прозорецот е затворен.
Филтерот за воздух не дозволува прашината и инсектите да влезат во вашиот дом.

  • Мазна поцинкувана рачка

    Сместена е на дното и дизајнирана така, што отворањето и затворањето на високо вградените прозорци е лесно и комфорно. За чистење и миење, прозорецот само ротирајте го за 180° и фиксирајте ја рачката така, што двете раце би ви биле слободни.

Висина на вградување и мебел

Препорачуваме само за високи парапетни ѕидови од 130 до 150 см над нивото на подот.

Поставувањето на мебел под кровниот прозорец со долно управување ќе пречи на пристапот до рачката. Препорачуваме да се остави слободен простор за оптимално користење на кровниот прозорец.

  • Чист, филтриран и свеж воздух

    Вградениот филтер за воздух обезбедува поздрав животен простор, бидејќи не им дозволува на прашината и на инсектите да влезат во вашиот дом. Филтерот е лесен за одржување, треба само да се помине со правосмукалка.

Најпопуларна големина
66 x 118cm

  • Дозволете му на вашиот дом да дише

    Вентилацискиот систем во две нивоа му овозможува на вашиот дом да „дише“, дури и кога прозорецот е затворен. Притиснете еднаш или двапати за да го прилагодите количеството на воздух кое го пропуштате во домот и уживајте во чистиот, свеж воздух во кое било време од денот и ноќта.

Ако сакате во вашето поткровје да ставите VELUX кровни прозорци

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing