Добредојде за свежиот воздух, до видување за инсектите!

VELUX Комарник

Уживајте во свежиот воздух без инсекти!

Ни доаѓа убаво, вистинско пролетно време, време на процутување, растење и цутење, но кое е често и прилично нестабилно, променливо, во смисла на непредвидени врнежи од дожд.

Обилните врнежи од дожд повторно доведуваат до цутење на целата природа, па, поради тоа, токму во ова време, нè напаѓаат наезди од инсекти од кои сакаме да се заштитиме, но да не го загрозиме своето уживање во свежиот воздух и погледот на разбудената и расцутена природа.

Идеална заштита во Вашиот дом, во поткровјето, е – комарникот VELUX.

Комарникот VELUX Ви дозволува да го задржите погледот и свежиот воздух – без инсекти. Комарникот совршено се вклопува во  поткровниот прозорец VELUX, а се состои од долготрајна, проѕирна мрежа која не му пречи на погледот низ прозорецот.

Кога не се употребува, мрежичката е скриена во тесното, алуминиумско куќиште над прозорецот. Комарникот VELUX не ја исклучува надворешната и внатрешната ролетна, така што лесно и едноставно можете да имате заштита од топлината (надворешна тенда или надворешна ролетна), прилагодување на светлоста или целосно замрачување, како и декорација (внатрешни ролетни), а покрај сето тоа уште и комарник – заштита од инсекти.

  • 100% заштита од инсекти
  • Нова, подобрена мрежичка за подобра видливост и пропустливост на светлина
  • Мрежата е скриена во куќиштето кога не се користи и не му пречи на погледот низ прозорецот
  • Може да се користи во комбинација со сите типови на VELUX внатрешни и надворешни ролетни
  • Едноставно чистење со помош на влажна крпа
  • Рачно управување
  • Совршено одговара со вашиот VELUX поткровен прозорец

Се препорачува за:

  • Спална соба
  • Детска соба
  • Кујна
  • Дневна соба
  • Работна соба

Ако размислувате за вградување на комарник во своето поткровје, побарајте бесплатна посета и советување од стручните лица на VELUX 011/20-57-500, а на www.velux.rs или www.facebook.com/VELUX следете ги акциите кои VELUX ги подготвува за Вас, токму како оваа, но и за други корисни производи во Вашето поткровје.

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје