• Топлинска изолација - прв чекор за подобрување на енергетската ефикасност на надворешните ѕидови

КАКО СЕ ИЗОЛИРА КОНТАКТНА ФАСАДА СО КАМЕНА МИНЕРАЛНА ВОЛНА?

Зошто топлинска изолација?

Да се ​​изолира поткровјето во која живеете е најефикасното решение за зголемување на вашата енергетска ефикасност.

Поставувањето на топлинска изолација на покровното место за живеење има голем број на предности како за трошоците, така и за удобноста на живеење:

  • Пониски сметки за греење и ладење
  • Потопло поткровје во зима и поладно во лето
  • Повеќе тишина дома

Како се губи топлината …

Загубите на топлина преку надворешните ѕидови на зградата сочинуваат до 40% од вкупните загуби на топлина во неизолирана зграда. Поради оваа причина, поставувањето на топлинска изолација на надворешните ѕидови е секогаш првиот чекор во подобрувањето на неговата енергетска ефикасност.

Топлинска изолација на фасадата со изолација од камена минарална волна Knauf Insulation:

Предности:

Камената минерална волна е природен топлински изолациски материјал. Изградена е од камења од вулканско потекло – доломит и дијабаза. Потеклото на материјалите и постојаната и прецизна контрола во текот на производството гарантираат одличнен квалитет, трајност и зачувување на својствата во времето во системот на контактната фасада. Подобрувањето низ годините  на изолационите (FKD-N Thermal со λ = 0,034 W / mK) и механичките карактеристики на камената волна на Knauf Insulation и припишуваат првенство за квалитетен фасаден изолациски производ.

Дополнителни својства на камената волна:

  • Заштита од пожар – Камената волна е материјал со највисока класа по реакција на пожар – А1. Може да издржи над 1000 ° C пред да започне да се топи.
  • Звучна удобност – Филаментовата структура на минералната волна има многу добри карактеристики за апсорпција на звукот. Таа ја апсорбира бучавата и од околината и од разните простории во поткровјето, т.е. освен термоизолација, за истата инвестиција е предвидена и звучна изолација.
  • Пропустливост на пареа или така наречен ѕид што дише – значајна разлика во карактеристиките на камената минерална волна спрема другите топло-изолациски материјали е нејзината пропустливост на пареа – во ѕидовите се обезбедува дифузија на водената пареа, или како што се вели – ѕидовите “дишат” и тоа спречува создавање на кондензација.
  • Отпорност на димензиите и својствата – плочи од камена минерална волна не содржат во себе остатоци од производен гас, кој би можел да предизвика губење на обем и промена на димензии во текот на годините на експлоатација на фасадата. Структурата добиена при топење на вулканските камења е практично вечна, а тоа ги прави вечни и својствата на фасадната изолација со камена волна.

Но, најголемата предност на камената волна Knauf Insulation над кој било друг изолациски материјал не е ниту една од гореспоменатите квалитети. Она што ја прави камената волна уникатен и најпосакуван изолациски производ е фактот дека ги поседува сите овие квалитети во едно, т.е при единствено поставување на изолација од камена волна, ги добиваме сите наведени својства во една додека зградата постои и живееме во неа.

Системски елементи:

  1. Фасаден ѕид;
  2. Лепак за камена волна;
  3. Термоизолациски материјал од камена минерална волна Knauf Insulation – FKD-N Thermal / FKD-N Thermal 2 / FKD-S Thermal;
  4. Штитници со метални шајки;
  5. Глет маса за минерална волна;
  6. Армирана мрежа од стаклени влакна;
  7. Глет маса за минерална волна;
  8. Прајмер за малтер
  9. Завршен слој – надворешен декоративен малтер.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2017-2018. Развиено од My Marketing