KAКО ДА ПОСТИГНЕМЕ ОДЛИЧНА ЗВУЧНА И ТОПЛИНСКА ИЗОЛАЦИЈА МЕЃУ ПРОСТОРИИТЕ ВО ПОТКРОВЈЕТО?

Мошне често таванскиот простор, кој го приспособуваме во погоден за живеење е со повеќе квадратура и овозможува да се раздели на повеќе простории, кои може да имаат поинаква функција. Благодарение на системите за сува градба денес можеме да имаме сосема нов распоред исклучително лесно и брзо – за половина ден!

Најчесто во изградбата на преградни ѕидови направени од гипсени плочи ние сме заинтересирани за нивните звучни и топлински изолациони својства, оптоварување и прецизна инсталација.

Способност за подршка на товар

Кога преградните ѕидови се градат правилно, освен што обезбедуваат квалитетна изолација, тие можат и да носат потешки поставени на нив елементи како огледала, телевизор или полици.

Звучна изолација

Се разбира, не е исто дали треба да се направат две посебни простории во покровјето или два ѕида во хотелот. Од тоа зависи конкретниот начин да се решат проблемите со звучната изолација.

Преградни ѕидови може да бидат со единечни или двојна конструкција, во комбинација со еднослојно или двослојно поставување на гипсени плочи (на пр. Гипс картон). Ако е двоен слој дебел 12,5 cm, звучната изолација во овие случаи е многу добра – од 45 до 69 децибели.

Изолациски материјали

Еден од основните фактори за добро формиран преграден ѕид е и типот на минерална волна која се користи во системот. Влакнестата структура на материјалот совршено го апсорбира звукот и обезбедува одлична звучна изолација постигната со изградбата на најдобриот систем за звучна изолација на наизменично редени различни материјали користејќи го принципот на „маса – спорала – маса“.

Важно е да се знае дека постојат производи од минерална волна со специјална технологија (ECOSE® Technology), која овозможува овие производи да бидат природни и безопасни за човечкото здравје. Ова е иновативна технологија за производство на супстанца за сврзување која Knauf Insulation ја користи во производството на минерална волна. Дополнителна суштинска предност на производите со ECOSE® Technology е пријатната работа со нив – лесно се сечат и брзо се монтираат, пријатни се на допир, испуштаат помалку прав и се без мирис. Knauf Insulation на македонскиот пазар нуди специјално создадени производи од минерална волна, кои дополнително јо подобруваат звучната заштита на системот преградни ѕидови со гипс плочи / гипс картон или гипсфазер /. Можете да ги препознаете по пакувањето – темно сината боја и симболот за звучна изолација јасно го означуваат производите Decibel и Akustik Board развиени за звучна изолација во преградни ѕидови, ѕидни облоги и спуштени тавани.

Градење на преграден ѕид

Преградниот ѕид може да се монтира на било која основа – цемент или паркет. Ако се става врз паркет – помеѓу ѕидот и подот, како и помеѓу ѕидот и таванот, треба да се залепи лента за звучна изолација, бидејќи тоа се многу чувствителни зони.
Улогата на звучна изолација ја исполнува и акрилниот слој на овие површини, бидејќи на тој начин се спречува пренесувањето на бучава низ таванот и подот кои најмногу пренесуваат звучни бранови.

Исто така, профилите од подот и плафонот мора да се постават во насока на ѕидот што треба да се фиксираат со помош на шајб-шајка. Следниот чекор е да се постават вертикални профили со максимална височина од 260 и ширина од 7,5 см на растојание од 60 см.

Освен класично, преградни ѕидови може да бидат полукружни, што ќе ја направи атмосферата во просторот во поткровјето поинтимна. Ако сакате заоблен ѕид, користете гипс плочи со помала дебелина, кои во зависност од саканиот радиус треба да бидат однапред навлажнени.

Со користење на системот од гипсени монтажни ѕидови, со пополнет меѓупрофилен простор со производи од минерална волна, специјално развиени за звучна изолација можеме целосно да ја промениме распределбата на поткровјето со што штедиме време и пари, а шуплините во преградите се идеални за лесно и рационално поставување на сите видови на инсталации .

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing