• Како да одберете соодветен тип на прозор и висина при вградување во пет чекори

Дојде време да ги замените старите кровни прозори со нови ли прв пак да опремувате нов простор, но не сте сигурни во изборот?
Не грижете се. Изборот на кровен прозор е полесен одошто мислите. Следете ги петте чекори и одберете вистински кровен прозор за вашот дом или работен простор.

Прв чекор: Тип на управување

Прва работа за која треба да размислите е тип на управување на прозорот. Постојат две правила:
1. За вградување во нископарапетен ѕид се препорачуваат прозори со горно управување, а нивната предност е што дозволуваат поставување на мебел директно под прозорецот, без да се попречи неговото отварање и затварање.

2. За вградување во високопарапетен ѕид се препорачува прозори со долно управување.

Втор чекор: Големина на прозор

За да добиете прегледен и јасен поглед низ кровниот прозор, а воедно да имате доволно простор над главата за да управувате со системот, висината на кровниот прозор треба да се прилагоди спрема висината на кровот. Општото правило гласи: Колку е поголема косината на кровот, толку е треба да биде подолг кровниот прозорец.

Во видео записот кој следи, антропологот од универзитетот во Копенхаген Bettina Hauge укажува на значењето на дневната светлина врз расположението и здравјето на целото семејство. Затоа на ова прашање треба да се посвети особено внимание при уредувањето на вашиот дом.

Трет чекор: Број на прозори

Природната светлина е од големо значење за вашиот дом и колку повеќе ја има, толку подобро се чувствувате. Никогаш не можете да изберете премногу прозори, бидејќи група од прозори ефикасно ја трансформира собата и надворешноста ја пренесува во вашиот ентериер. Ефектот е секако исклучителен.

За да ја определите идеалната површина на прозори. Употребете ја следната равенка:
Поделете ја големината на вашиот простор во м2 со 10 и ќе ја добиете оптималната големина на прозорецот. Значи општа препорака е дека остаклената површина треба да изнесува минимум 10 % од подната површина на просторот.

Доколку еден прозор не ја задоволува препорачената површина, комбинирајте повеќе прозори.
Кои видови прозори ви стојат на располагање, можете да видите на страница со целокупна понуда за прозорци за домот.

Четврти чекор: Сигурна и трајна инсталација

При купување на прозори задолжително треба да внимавате на инсталационите производи кои обезбедуваат сигурна и трајна инсталација. Во прашање се следните три елементи:

1. Опшивка отпорна на временски услови

Вашиот нов VELUX кровен прозорец треба да биде вграден со опшивка бидејќи тие се направени прецизно да се вклопуваат во специфичните големини на прозорци и обезбедуваат водонепропустливо поврзување помеѓу вашиот прозор и кровниот материјал.

2. Дополнителна изолација и заштита

Доколку го оптимизирате вашиот нов кровен прозор, ќе ја зголемите енергетската ефикасност и долготрајност на вашата градба. Затоа е создаден комплетот BDX 2000 кој содржи изолациски рам В1 за дополнителна изолација помеѓу рамката на прозорот и кровот, како и хидроизолационен сет В3 (BFX 1000), кој овозможува сигурна врска помеѓу прозорот и кровниот покрив. Дренажниот одвод В2 ја спроведува водата која може да навлезе во деловите од кровот, подалеку од прозорецот, додека хоризонталниот сет BFX 1000 заедно со опшифката обезбедува водонепропустлива бариера помеѓу прозорот и кровот.

3. Внатрешна завршна обработка

Се препорачува да користите рамка за внатрешна облога за оптимална внатрешна завршна обработка. Челичната рамка за вградување С1 формира совршена структура за обликување на вашата облога.
Дизајнот исто така нуди можност за додавање на дополнителен изолациски материјал. Вклучува и BBX 0000 стандардна парна брана С2, која е 100% паронепропустлива и недозволува кондензација. Оваа парна брана овозможива сигурна врска помеѓу VELUX крвниот прозорец и парната брана која веќе постои на кровот.

Пети чекор: Надворешна и внатрешна заштита

Совршениот комфор е прашање за пронаоѓање на вистинската комбинација. Но, за да ја имате во вашиот дом, треба да обезбедите две работи.
Прво треба да да го контролирате количеството дневна светлина и сончевите зраци за да обезбедите пријатни и функционално внатрешно осветлување или по потреба да ја блокирате цветлината во потполност.
Второ, треба да го заштитите својот дом од преголемата топлина која доаѓа од сончевите зраци, Со други зборови потребно е да комбинирате со прекрасни внатрешни ролетни или со надворешна заштита од топлина.

1. Надворешна заштита

Оваа заштита спречува значително количество на сончеви зраци. Ваков штит помага да се одржи пријатна температура во текот на денот и не дозволува прегрејување.

2. Внатрешна заштита

Внатрешните ролетни овозможуваат потполна контрола на светлината што влегува низ ктовните прозорци, а истовремено дозволува проветрување на просторијата.

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или