Како да изградиме ѕид при скосен покрив со мал надѕид

Во оваа статија ќе разгледаме како би изградиле поткровен простор при постоечки дрвен скосен покрив со недоволна висина за потребите на жителите на надѕидот околу периметарот на покривот.
Изградбата на поткровјето одвнатре е директно поврзано со состојбата и видот на покривната конструкција. Најнапред е добро да се обложи со паропропустлива мембрана непосредно под дрвената конструкција , од страната на просторијата која да ја пропушта надвор парата собрана во идниот термоизолациски слој. При истекувања од покривот таа би ја заштитила термоизолацијата и гипс плочите од наводнување. Треба да се обезбедат соодветни елементи кои да ја водат собраната вода надвор од стамбениот дел.

Се фиксираат директните закачалки на Кнауф 5 кон дрвените греди на растојание не повеќе од 40 см како што е прикажано на шемата.
Кон директните закачалки се поставува растерот на челичните профили CD на Кнауф со соодветна заштита од корозија. Изборот на профилите зависи од наклонот на покривот, растојанието помеѓу дрвените греди, видот и бројот на плочи , кои се поставуваат, па треба да се регулира растојанието помеѓу директните закачалки. Меѓу челичните профили и гипс плочите треба да се постави непропустлива мембрана од полиетилен со дебелина од барем 0.3 мм за заштита на топлинската изолација од парите во просторијата.
Се монтираат гипс плочите Кнауф, на начин погоден за функцијата на соодветните простории – обични, пожарозаштитни, влагозаштитни, гипсфазерни и т. Н. При монтажа зацврстувањето на гипс плочите Кнауф се прави по кратката страна н аплочата и секогаш врз CD профил. Кнауф плочите се монтираат со соодветни завртки на Knauf со должина според бројот и дебелината на плочите, а по вид во зависност од видот на плочите.
На подот се поставува посебна лента за израмнување која “ја сокрива” рапавоста на подот. На неа се фиксира UW профил на Knauf , кој е дел од конструкцијата со еднострана позлата. Сврзувањето на вертикалниот и косиот ѕид може да се направи со соодветен елемент . Висината на ѕидот се определува во зависност од барањата за употреба.
По опишаниот начин можете лесно да го промените поткровјето и да го претворите во функционален и удобен за живеење простор.