• Удобно, модерно, здраво

КАКО ДА ГО ПРЕТВОРИМЕ НАШЕТО ПОТКРОВЈЕ ВО МОДЕРНО, А ИСТОВРЕМЕНО СО ТОА ЗДРАВО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ?

Воздухот кој го дишеме е ритамот на нашите животи. Во звуците на секојдневието бараме хармонија со околниот свет. И се почесто сфаќаме дека ни недостасува природата, каде се чувствуваме здрави и целосни. Сепак не е потребно да живееме во шумата за да обезбедиме подобар квалитет на живот и здрава средина во домот. Општо прифатено мислење е дека загадувањето на воздухот доаѓа “однадвор” – смок, магла, гасни испарувања и така натаму, но вистината е дека воздухот внатре во домот, може да е многу поопасен. Причината за ова е дека во затворените простории недостасува циркулација на воздухот. Така во него се акумулираат остатоци од мувла, честички прав, чад од цигари, испарувања, хемикалии и гасови.

Перфорираните плочи Knauf Cleaneo се лесно и еколошко решение на овој проблем – патентирана хоросанова плоча која го прочистува воздухот и во меѓувреме обезбедува совршена акустика и избор на дизајн на перфорација. Плочите Knauf Cleaneo во своето гипсено јадро содржат специјални каталитички материи. Тие ги претвораат миризливите и штетни материи во безопасни. Се одвива процес без акумулација на штетни материи или трошење на адитивите, па времетраењето на Knauf Cleaneo е практично неограничено. При перфорираните плочи се постигнува побрзо разградување на штетните материи и преку поголемата ефективна површина на самите плочи.

Времетраењето на процесот на разградување, во зависност од концентрацијата на супстанциите, покриеноста на плочите, перфорацијата и движењето на воздухот изнесува неколку часа. Периодот на разградување на штетните материи зависи како од наведените фактори, така и од степенот на примена на Knauf Cleaneo плочите во просторијата.

Освен здрава за живот клима во домот, плочите Knauf Cleaneo нудат иновативни и уникатни дизајнерски решенија за завршување на просториите со сет на различни по големина и форма перфорации. Овие перфорации помагаат освен за акустика и за еден поинтересен и импресивен готов производ кој да раскрши стандардната визија на просториите. Дизајнот на плочите овозможува врз нив да се отпечати избрана од вас слика. Така лесно, детската соба може да ја претворите во прекрасно место за вашето дете!

Со гипс плочите Knauf Cleaneo можете да го креирате изгледот на домот по свој вкус, да ја внесете природата дома и да создадете повисок стандард на живот за вашето семејство!

За подетални и конкретни информации посетете ја страната www.knauf.mk

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или

© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing