• Изолација на таванскиот простор кој не се користи

Економичното и брзо решавање на топлинската заштита на загреаниот простор под ладното поткровје кое не се користи е ставање на изолационен материјал во повеќе слоеви на таванот. Препорачаната минимална дебелина на Knauf Insulation минералната волна за нашето подрачје е 12 cm.

Повеќе за препорачаните дебелини на изолација за сите типови на конструкции можете да погледнете тука: http://www.knaufinsulation.rs/sr/debljine-izolacija

ТАВАНСКИОТ ПРОСТОР НЕ СЕ КОРИСТИ

Пред ставање на изолациониот материјал поставете PE фолија (активна парна брана), Homeseal LDS 5 Silk на меѓуспратната конструкција, споевите преклопете ги за 10 cm и залепете универзална леплива лента, Homeseal LDS Solifit.

При поставувањето на плочите на Knauf Insulation камената минерална волна, NaturBoard FIT PLUS или NaturBoard FIT, водете сметка споевите на плочите на горниот и на долниот слој да не се преклопуваат.

Ако поставувате ролни Knauf Insulation стаклена минерална волна Classic 039, горниот слој поставете го под прав агол во однос на долниот слој.

Препорака е изолациониот материјал да се прекрие со паропропустлива –водонепропустлива фолија, Homeseal LDS 0.02, за да се заштити од правот кој се наоѓа во поткровјето.

Таванскиот простор повремено се користи

Доколку поткровјето повремено се користи, на претходно поставената PE фолија (активна парна брана), Homeseal LDS 5 Silk, поставете дрвени греди. Просторот помеѓу гредите пополнете го со Knauf Insulation минерална волна целосно според постапката опишана погоре.

Потоа преку изолацијата поставете греди или OSB плочи кои ќе се потпираат на дрвените греди, а преку нив да може да се гази.

Доколку сакате да го средите своето поткровје

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или