Инсталација во бања на поткровје – Планирање и изведба
Современата бања е важен дел од станбениот простор наменет за заштита на здравјето, нега, убавина и релаксирање. Одржувањето на хигиената е поврзано со телесен и духовен одмор. Утринскиот ритуал со кој го започнуваме денот или вечерното ослободување од напнатоста претставуваат вистинско задоволство. Многу е битно внимателно да се испланираат и обединат сите содржини кои треба да ги содржи една модерна бања. Потоа треба да се синхронизираат во квалитетен и функционален распоред и недостатокот на просторот во поткровјето да стане предност и атракција. Потоа треба да ги одберете санитарните уреди, грејните тела и осветлувањето како и инсталацијата во бањата на поткровјето.
Бањата во поткровјето има голема предност. Отворот на кровот може да се постави каде сакате, со комбинација на кровните прозорци може да донесете природна светлина колку сакате врз убаво обликувана лежечка када или пар мијалници. Веднаш ќе се појават безброј прашања што се треба да се постави и на која површина? Какви ограничувања имаме? На кои вертикали да ги споиме инсталациите во бањата? Дали када или туш? Има ли место за двете? Еден или два мијалника? Биде или без? Каде да го поставиме комби-бојлерот за греење на целиот стан и затоплување на водата? По кој редослед треба да се изведува инсталацијата?
Сите овие прашања бараат консултација од стручно лице. Но да започнеме по ред.
Инсталациите за довод и одвод во бања на поткровје треба да бидат што по кратки. Ограничувањето е поради ниската вертикала која треба да биде споена со одводната инсталација. Тоа најмногу се однесува на WC шолјата па се препорачува да има најкраток можен под на вертикалата. Вградено казанче со две можности за испирање е стандардна опција. Може да се вгради во најнискиот дел од поткровјето со висина 120 cm. Одводната инсталација од мијалникот, кадата, тушот, бидето или машината за перење се со помал простор и можат да се влечат по подот над носивната конструкција. Исто е и со доводната инсталација. Цевките за ладна вода доаѓаат од казанчето, машината за перење и бојлерот. За приклучок на мијалник, када, туш-када и биде треба да се постави инсталација за топла и ладна вода. Позициите на изводите се стандардни, но кај специфичните санитарни уреди треба да се прочита упатството и приклучоците да се монтираат спрема упатствата дадени од производителот.
Инсталацијата за затоплување и потрошувачка на топла вода во бањата зависи од средината и начинот на греење на целиот станбен простор. Централно етажно греење со радијатор и затоплување на водатата преку кондензациски котел е енергетски најисплатливо решение. Доколку бојлерот е ставен во бањата треба да се обезбеди довод на ладна вода, плин, струја и оџак или отпадните гасови вертикално да се вентилираат преку кров (фасаден бојлер). Цевките за греење мајсторот ”погусто” ќе ги прошара низ подот па така се добива подно греење во грејната сезона. Практичен за сушење пешкири е и купатилскиот радијатор -регистер.
Инсталацијата за вентилацијата во бања со WC е непотребна доколку има природна вентилација преку кровниот прозорец. Но не е лошо да се испланира и вентилатор над WC шолјата поврзан со инсталацијата за светло и тајмер, кој брзо ќе ја апсорбира непријатната миризба.
Електричната инсталација во бањите ”не ја сакаат” водата и водената пареа и затоа при изведба мора да се придржувате на прописите за заштита од струен удар. Секој приклучок мора да е уземљен. Прекидачите треба да бидат поставени од надворешната страна до вратата. Изводите за главното и помошното осветлување треба да бидат од водонепропустлива арматура, утикачите со капаци за машината за перење и сушење како и апаратот за бричење треба да бидат на определена далечина од мијалникот и бојлерот. Доколку бањата се загрева со парно греење, инсталирање мрежа за подно греење со термостат за температура е најдоброто решение .
Во есен и пролет кога не работат радијаторите по потреба исто така може да се вгради купатилски радијатор за сушење на пешкири за кој повторно има потреба од утикачи.