• Внатрешно уредување на поткровјето

    Градењето и уредувањето на поткровјето, земајќи ја предвид сложеноста на барањата и различните можности за облици, претставува спој на различни градежни системи. Пред уредувањето, односно адаптацијата на поткровјето, потребно е да се провери состојбата на сите носечки делови на конструкцијата.

За изработка на внатрешни облоги на покривна косина, по правило, користиме огноотпорни кнауф плочи со дебелина 12,5/15/18/25 mm или гипс-влакнести Vidiwall плочи во комбинација со слој од изолациски материјал.

Дебелината на изолацијата зависи од пропишаниот фактор за дозволените топлотни загуби, што е утврдено со посебни правилници. Плочите од кнауф се зацврстуваат за металната потконструкција која се изработува од типски Knauf CD профили.

Поминете со глувчето преку бројот на позицијата за да го видите деталниот опис

1
2
3
4
1

Директните држачи (или сидрени прицврстувачи со должина од 17 или 27 cm) се прицврстуваат со шрафови TN 35 или со други погодни шрафови на носечките греди на покривната косина. Растојанието на гредите не смее да биде поголемо од 100 cm.

2

Потконструкцијата од CD профил се прицврстува за директните држачи со шрафови за лим LN 9,5 mm или за сидрените прицврстувачи со едноставно вметнување. Пред монтажа на плочите, вишокот директни држачи се виткаат на страна. CD профилите меѓусебно не смеат да бидат на поголема оддалеченост од 40 cm.

3

Плочите од гипс секогаш се монтираат во насока кон поставените CD профили. Сите сечени споеви на плочи мора да лежат на профилите. За зацврстување се користат шрафови TN 25 на меѓусебно растојание од 17 cm. Ако, поради заштита од пожар, е потребен друг слој на плочи, за вториот слој од облогата треба да се користат шрафови TN 35/TN 55.

4

Ѕидната облога се изработува од ѕидни CW и UW профили кои се поставуваат на растојание од 625 mm.

  • Мали тајни на големите мајстори...

    …или некој збор од експертите упатен до мајсторите „Направи сам“

РАСТОЈАНИЕ МЕЃУ ПРОФИЛИТЕ

Растојанието меѓу профилите на потконструкцијата не смее да биде преголемо (да се погледне официјалната Knauf техничка документација, а особено да се обрне внимание на  техничкиот лист D61)

СПОЈ МЕЃУ ПЛОЧИТЕ

Спојот меѓу плочите секогаш да се пополнува/фугира со користење на хартиена бандаж лента (на тој начин ќе се избегнат микро пукнатините, поради тоа што конструкцијата „работи“).

СПОЈ МЕЃУ ОБЛОГИТЕ И МАСИВНИТЕ ЕЛЕМЕНТИ

Спојот меѓу облогите на поткровјето и масивните елементи (на пример, облога под косина/вертикален ѕидан ѕид) треба да се изведе како разделен спој. Истото правило важи за сите споеви меѓу два различни градежни материјали.

ФУГИРАЊЕ

Кај полнењето на споевите/фугирање на гипсаните облоги во различни рамнини (на пример, облога на покривна косина/ облога на вертикален ѕид), спојот треба да се „армира“ со хартиена бандаж лента (на тој начин ќе се избегне визуелно негативниот ефект поради микро пукнатините).

ДЕБЕЛИНА НА ПЛОЧИТЕ

Дебелината на плочите мора да биде минимум 12,5 mm.

ЗАШТИТА ОД ПОЖАР

Во случај на барања за пасивна заштита од пожар, за F30 min потребно е да се користи огноотпорна плоча со дебелина од 15mm, 2x15mm за F60 min и 3x15mm за F90 min.

ПАРНА БРАНА

Парната брана се поставува на топлата страна од покривната косина, на пример, меѓу металната потконструкција и кнауф плоча. Притоа, најважно е доброто дихтување, споевите треба да се прелепат со самолепливи ленти, а рабовите од фолијата мора да се прилепат на масивните ободни ѕидови.

Ако сакате вашето поткровје да има KNAUF гипс систем