Гипсoт е откриен уште во III – IV в. п.н.е. од древните Египќани и е популаризиран во Европа главно од Римјаните.
Гипсот е беспрекорен материјал од гледна точка, како на подносливоста му со човечкото тело, така и на градежната биологија. Има исто pH како и човечката кожа, нема мирис и е апсолутно безопасен. Пародифузен материјал кој на кожата и овозможува да дише. Тоа негово својство се цени и во изградбата на ѕидови и тавани.
Се пошироката примена на гипсот во градежните и ремонтите работи во станбени, комерцијални, јавни и бизнис згради се објаснува со уникатните својства на градежните материјали, изработени на негова основа. Во градежната индустрија гипсот може да се сретне во различни форми и да се применува на секоја фаза од изградбата. Еден од најпопуларните градежни производи на хоросанова основа се гипс плочите, наменети за изградба на системи за сува градба.
Гипс плочите, вгнездени во ѕидовите на стамбените градби, обезбедуваат здрава средина за живот и создаваат чувство на комфорт и удобност. Гипсот ја регулира влажноста на воздухот во затворените простории, бидејќи се состои од бројни мали пори кои во присуство на влага во воздухот ја преземат и при недостиг ја оддаваат.
Секој би се изненадил кога дознае дека во просек човек во текот на животот конзумира околу 6 тони гипс. Тој е составен дел на многу прехранбени производи:
- Калциумовиот сулфат е природен материјал во водата за пиење
- Служи и како адитив за омекнување на водата за пиење
- Како додаток за кондиционирање на пивото
- Како помошно средство за печење на леб
- Како средство за втврднување на мармалад и џем
Гипсот е одобрен како додаток во исхраната (Е 516). Органската содржина на калциум во гипсот е слична на неговата содржина во млекото!
Кнауф придонесува за удобноста на Вашиот дом. Плочите на Кнауф се целосно природни, произведени од беспрекорен здрав градежен материјал – минерален гипс. Не содржат штетни адитиви, радиоактивност или канцерогени испарувања. Освен што “дишат”, Кнауф плочите природно ја регулираат и влажноста во просторијата. На овој начин создаваат поволна и здрава клима во просториите.
Домот и средината во која живееме рефлектираат врз нашето здравје. Користејќи ги плочите на Кнауф природата влегува во вашиот дом и гарантира здрава средина за живот!