Дали сакате да ги облечете вашите покривни прозорци за ладните зимски денови?

Повеќето од нас ги ископаа своите зимски капути и ракавици кои нè греат во овие ладни месеци кои доаѓаат. Но, ретко кој од нас ќе помисли на фактот дека енергијата може да се заштеди со „облекување“ на нашите покривни прозорци во зимска гардероба во текот на ладната зимска сезона.

Тоа е сосема природен рефлекс: кога мора да излеземе кога е студено, облекуваме јакна да нè грее. Ако ни е студено во затворен простор, веројатно ќе облечеме уште еден џемпер или ќе го зголемиме греењето. Кога ноќите се особено студени, во нашите домови, главно, е свежо и тогаш е сосема логично да се зголеми температурата на термостатот.

Но, ние всушност подобро ја задржуваме топлината во текот на студените денови и ноќи со спуштање на ролетната. Ова особено се однесува на покривните прозорци – специјалната термо ролетна ја задржува топлината во просторијата благодарение на изолацискиот материјал од кој е направена.

Особено е добра идеја да се вградат термо ролетни на покривните прозорци – поради алуминиумот меѓу двата слоеви набран материјал кој ја подобрува изолацијата. Топлиот воздух во просторијата се крева, а ако се спуштат ролетните, тие ќе помогнат во одржувањето на температурата, така што ќе биде поудобно да се поминува времето во просторијата кога надвор е студено.

Кога е целосно спуштена, термо ролетната ја подобрува изолацијата за 34% на секој покривен прозорец.

Мултифункционални термо ролетни

Постојат и други придобивки од термо ролетните, покрај заштедата на енергијата – тие имаат и затемнувачки ефект и атрактивен изглед, благодарение на структурата на пчелно саќе. Можат целосно да се прилагодат, не се фиксирани ниту на дното ниту на врвот од прозорецот, може да се позиционираат во која било положба, со што ги блокираат сончевите зраци и љубопитните погледи.

Кога имате ролетна која може да се прилагоди, како што е термо ролетната, можете да седите и да читате весник покрај прозорецот и да уживате во светлината без заслепувачко сонце. Ролетната може да ја позиционирате само онаму каде сончевите зраци се најсилни.

Значи, сега е вистинското време да се подготвите за зимскиот период.

Термо ролетната е двократно плисирана, со внатрешен алуминиумски премаз меѓу два слоја на материјал кој обезбедува ефект на целосно затемнување. Може да се позиционира на која било висина од прозорецот и може да се развлекува и да се собира. Термо ролетната многу лесно се вградува на покривниот прозорец со помош на Рick&Click!® системот.

Исто така, може да се комбинира со VELUX комарникот, надворешната тенда или со надворешната ролетна.

Енергетски се ефикасни и носат заштеда на сметките за греење и за ладење.

Се продаваат во широка палета на атрактивни бои и дезени, така што можат да се вклопат во секое поткровје со VELUX покривни прозорци.

Иако за овие ролетни ќе добиете гаранција од три години, со правилно одржување тие можат да траат значително подолго. Особено ако има и надворешна заштита во вид на VELUX надворешна тенда.

Се препорачуваат за:

  • Работна соба
  • Спална соба
  • Детска соба

Прочитајте сè за термо ролетните на: http://goo.gl/HuHb66

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје