Дали го подготвивте Вашето поткровје за летото?

Кога зборуваме за енергетската ефикасност (EE), речиси секогаш зборуваме за греењето, односно за заштедата на сметката за греење која ја плаќаме во текот на грејната сезона. И тоа би било сосема во ред кога не би го имале, за многу луѓе– омиленото годишно време – ЛЕТОТО.

Убаво време, сончање и капење на река, забава до вечерта, а кога ќе дојдеме во нашиот стан во поткровјето – жешко! Постои решение, а тоа да не е клима уредот преку целиот ден, па и во ноќта!

Добрата вест е дека има! А добрата работа е ако за сето погоре наведено размислуваме навреме – кога решаваме за топлотната изолација на поткровјето, можеме да добиеме заштита од студот преку зима, но и заштита од прекумерната топлина во лето.

Важно да се каже е и тоа дека во Правилникот за енергетска ефикасност , кој во моментов е во сила, не се смета енергијата потребна за климатизација, осветлување, ладење и други типови на енергија. Од таа причина, многу луѓе за решавање на термоизолацијата на поткровјето исклучиво се потпираат на постигнувањето на погоре споменатиот коефициент, не размислувајќи многу кој изолационен материјал треба да го применат.

Токму на ова место можеме многу да згрешиме, бидејќи сите материјали не се однесуваат исто кога се работи за заштита од прекумерната топлина во летниот период, додека во зимскиот период тие разлики не доаѓаат до израз.

Што е решението кое ќе го задоволи и летниот и зимскиот режим?

Првенствено, тоа е комбинација на различни материјали како термоизолација (стаклена и камена минерална волна) но и соодветни покривни фолии кои целиот овој склоп го прават енергетски ефикасен.

Како изгледа тоа како систем, можете да видите на долната слика:

Прво што, секако, паѓа в очи е дебелината на вградената изолација – за да ги задоволиме минималните барања на Правилникот, мораме да вградиме помеѓу 26 и 30 cm термоизолација па за еден класичен дрвен покрив, потребно е да се вгради термоизолација помеѓу роговите, но и под нивото на роговите.

Овде доаѓаме до моментот кога е важно да се направи квалитетен избор, ако сакаме во овој момент да го решиме и летниот режим за користењето на поткровјето.

Кои се можностите?

Ако зборуваме за употребата на термоизолациони материјали со влакнеста структура, кои се природен извор за оваа позиција, можеме да употребиме:

  • Стаклена минерална волна
  • Камена минерална волна
  • Комбинација на стаклена и камена минерална волна

На сликата можете да ја видите токму последната, но вистинската опција.

Зошто оваа комбинација е оптимално решение, барем кога се во прашање производите на Knauf Insulation:

  • Камената минерална волна ја ставаме помеѓу роговите, бидејќи поради поголемата густина во однос на стаклената волна, забележливо подобро го блокира минувањето на топлината во поткровјето (секако во летниот период) и прави поткровјето да се заштити од продирањето на топлината во најтоплиот дел од денот. Препорачан производ: NaturBoard FIT PLUS.
  • Стаклената минерална волна под нивото на роговите – и од сликата јасно се гледа дека бојата на стаклената минерална волна е природно кафена, што е единствено во светот на стаклените волни! А зошто е кафена боја? Knauf Insulation стаклената волна е произведена со ECOSE технологија така што во себе нема тешко испарливи состојки, како што е формалдехид и поврзувањето е целосно на природна основа! Токму од таа причина е идеална за поставување во внатрешен простор, така што станува своевиден на внатрешниот воздух во просторијата. Како потврда на погоре наведеното сите ECOSE производи на стаклената волна имаат GOLD Eurofins сертификат кој ги потврдува наведените ставови за квалитетот. Препорачан производ: UNIFIT 035 или NatuRoll Plus.
  • И секако, задолжителна примена на покривните фолии (паропропусни – водонепропусни под покривниот покривач и парни брани за долната, потопла страна на изолацијата). Препорачани производи: Homeseal LDS 5 Silk, Homeseal LDS 200, Homeseal LDS 0.02, Homeseal LDS Solifit

Дури вака составеното решение на поткровјето ќе овозможи, покрај одличните резултати во зимскиот период, да добиете и одлична заштита од прекумерна топлина во лето. Некој ќе каже– тука е клима уредот, кога веќе го купив нека лади, ако треба и цела ноќ!

Тоа може да биде опција, но очекуваниот раст на цената на електричната енергија сигурно значајно ќе ги зголеми Вашите сметки, а многу велат дека претераното користење на клима уредите и не е особено добро за нашето здравје.

Секако, сите мерки кои прават да користиме помалку енергија, но да не го жртвуваме комфорот, се вистински мерки за енергетска ефикасност во еден објект– иако не се вклучени во пресметката на енергетската класа на објектот, секако влегуваат во летниот буџет и потребната количина на средства за плаќање на сметката за електрична енергија.

Уште еднаш ќе напомнеме дека сите благодати за кои зборувавме летниот режим можеме да ги добиеме практично гратис, доколку добро ја осмислиме изолацијата на косиот кров.

Се надеваме дека Ве заинтересиравме да размислите за начинот на изолација на косиот кров – Вашето поткровје.

Јавете ни ако сте ги примениле погоре наведените препораки кога ќе помине летната сезона и пренесете ни дали сте ги почувствувале благодатите на удобното спиење и намалување на сметката за електрична енергија, најмалку толку за да можете во пријатниот амбиент на поткровјето со друштвото да се почестите со некој омилен пијалак како освежување.

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје