• Да поразговараме за топлинската изолација

Еден од најефикасните методи за постигнување на поволна клима во внатрешните простори во еден објект и заштеда на енергија е со поставување на топлинска изолација. Лошо изолираната зграда губи енергија во обвивката. Најголем процент од оваа енергија се губи преку нејзиниот покрив. При СКАТ покривите овој процент може да достигне 30-35%. Покривната конструкција во најголем степен е изложена на атмосферски влијанија, поради што е неопходно да се преземат мерки, односно квалитетно да се изолира СКАТ покривот, одлична херметичност на изолацискиот систем и заштита на покривот од дожд, снег, сонце …

Што е топлинска изолација?

Кога зборуваме за топлинска изолација, најчесто мислиме на термоизолациски материјал, чија функција е да се заштити зградата од надворешните промени во температурата и да се задржи постојана пријатна температура во нејзината внатрешност. За да се нарече еден материјал термоизолациски, тој мора да има низок коефициент на топлинска спроводливост, кој се означува со грчката буква λ (ламбда). Ламбда на материјалот за изолација е секогаш помала од 1 W / mK, и колку е пониска, толку подобар топлотен изолатор е материјалот.

Топлинска изолација – Како да се избере вистинскиот материјал?

Врз изборот на термоизолациски материјал за конкретен објект влијаат речиси истите фактори, како и кај секој друг градежен материјал: локалните микро и макроклиматски услови, популарноста на производот и градежните традиции, специфичните барања и се разбира цената. Иако никој не е задоволен кога цената е таа која го диктира изборот, при изборот на топлинска изолација повеќето клиенти пред се се водат од неа.

Сепак не треба да се заборави дека денес изолацијата веќе не извршува само примарна функција – да чува од студ или топлина. Напротив, луѓето треба да бидат свесни дека добрата топлинска изолација задоволува и некои дополнителни барања:

Пропустливост на пареа – за да “дишат” просториите, односно влагата во просториите да може да излегува непречено надвор од зградата

Противопожарна заштита – да штити од пожар, а ако сепак тој се појави, да го спречи ширењето. *

Трајност – да издржи додека постои самата зградата

Шумоизолација – да штити од удрен и воздушен шум

Покрај сите наведени погоре карактеристики термоизолацискиот материјал треба да е отпорен на влага, хемикалии и инсекти.

* Најдобро е термоизолацијата да е од класа по реакција на оган A1, односно да биде материјал кој не гори, како на пример камена и стаклена минерална волна

Видови термоизолациски материјали:

Tоплоизолациски материјали со неорганско потекло:

КАМЕНА МИНЕРАЛНА ВОЛНА

Каменaтa минерална волна е термоизолациски материјал со минерално потекло, добиен со топење на висока температура на вулкански карпи – доломит, диабаз и базалт.

Со специјална технологија добиената стопена “лава” се лади, во кој процес се формираат влакна, кои со помош на иновативното врзивно средство со ECOSE® Technology се обликувани во изолациски плочи.

Основни карактеристини на камената волна

  • Покуси влакна во споредба со стаклената волна
  • Густина: 25-220 kg/m3
  • Негорлив материјал: Класа по реакција на оган А1
  • Максимална работна температура 800 ˚C
  • Висока отпорност на притисок
  • Ниска затегнувачка цврстина
  • Одличен звукоабсорбирачки материјал

СТАКЛЕНА МИНЕРАЛНА ВОЛНА

Стаклената минерална волна е топлозолациски материјал со минерално потекло и висока содржина на рециклирани суровини добиени со топење на песок и стаклен рециклат.

Со специјална технологија добиената стопена “лава” се лади, во кој процес се формираат влакна, кои со помош на иновативното врзивно средство со ECOSE® Technology се обликувани во изолациски ролни или плочи.

Основни карактеристики на стаклената волна

  • Подолги влакна во споредба со камената вати
  • Густина: 8 – 45 kg / m3
  • Негорлив материјал: Euroclass A1
  • Макс. работна температура 230˚C
  • Ниска отпорност на притисок
  • Висока затегнувачка цврстина
  • Одличен звукоабсорбирачки материјал

Сакате таванот да го претворите во удобна дневна соба?

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или