• 7 важни чекори при замена на кровните прозорци

Имате стари и дотраени прозорци?

Можеби сега е вистинскиот момент да ги замените…

Ова е постапката што треба да ја имате во предвид за сигурност и комфор во вашето поткровје како и светол живот под вашиот покрив.

1. Демонтажа на стариот прозорец.

Пред почетокот на демонтажа треба да превземете одредени безбедносни мерки. Прозорците што се менуваат, често пати се во лоша состојба и постои можност од кршење на некои негови делови (стакло, обшивка, брава…)

2. Подготовка на кровната конструкција за нов прозорец.

Најчеста причина за замена на прозорците е пропуштање на вода низ прозорецот. Дел од водата завршува во кровната конструкција. При демонтажа на стариот прозорец треба да се провери состојбата на кровната конструкција и ако е потребно да се сменат изгниените дрвени делови на кровната конструкција (носачки греди, летви, даски).

3. Вградување на кровниот прозорец

Вградувањето на кровниот прозорец се врши исклучиво по упатството за вградување и спецификацијата на прозорецот.

4. Кроење на кровниот прекривач

Голема улога при вградувањето на кровниот прозорец има правилното поставување на кровниот прекривач. Само правилното поставување на кровниот прекривал околу прозорецот обезбедува водонепропустливост.

5. Изработка на внатрешната облога околу кровниот прозорец.

Основно правило е горната површина на облогата биде хоризонтална, а долнната вертикална.

6. Монтажа на ролетни

Ова е последен чекор при вградување на прозорецот. Ролетните се вградуваат по завршување на сите операции, за да се спречи нивно валкање. Видете го видео упатството за поставување на внатрешни ролетни за само 15 минути.

7. Редовно сервисирање на прозорецот.

За долготрајност на прозорците голема улога има редовното одржување и сервисирање на прозорците.
Прочитајте повеќе за одржувањето на вашите кровни прозорци.

Погледнете го видеото за замена на кровните прозорци во Земун.

Размислете на оваа тема со една шолја кафе 🙂

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или