• 7 Причини поткровјето да стане наш дом

7 Причини поткровјето да стане наш дом

Изборот на дом е едно од клучните решенија кои ги правиме во животот.

Како сериозна и долготрајна инвестиција, личниот простор треба да виде одбран внимателно.

Поткровните домови се симпатични и изклучително функционални. Ако постои двоумица за тоа дали се погодни за живеење, еве неколку причини за убедување.

ДОСТАП ДО ПОВЕЌЕ ДНЕВНА СВЕТЛИНА

Нема како, а да не прознаеме дека просториите до кровни прозорци обезбедуваат многу повеќе дневна светлина. Освен создавањето на комфор и естетско задоволство, тие влијаат позитивно на физичкото и психичкото здравје. Докажано е дека достапот до природна дневна светлина ја зголемува ефективноста и го намалува стресот. Да не го заборавиме чистиот воздух, а ако имате среќа и ќе имате и прекрасна глетка.

ПРИВАТНОСТ

Без сомневање поткровјата имаат една голема предност, а тоа е можноста за приватност. Кога за соседи на горниот кат ги имате само гулабите, тишината и спокојот се гарантирани. Освен одлична можност за изолирање и релаксирање, имате и добра предпоставка за пријатно поминато време со семејството и пријателите.

НИСКИОТ ТАВАН РАЃА ДОБРИ ИДЕИ

Скосениот таван ќе ве инспирира да ги подредите работите по многу оптимизиран и умен начин, како и да го оцените просторот и да не пренатрупувате ентериерот. Кога кон тоа ќе ги додадеме и непресушните можности за декорација и користење на личната фантазија, несомнено ќе добиеме вистински удобен дом, кој ќе носи задоволство од поминатото време во него.

Чаша ароматно кафе до прозорецот наутро, може да биде многу интимен момент во кој човек може да се наслади на личното време.

ГИ САКАТЕ КНИГИТЕ

Нема како да ја подминеме една од главните предности на поткровјето. Нема ништо посимпатично од агол за читање до голем прозорез, декориран со меко ќебенце и перници. Ако сакате да читате до чаша чај или вино, не го пропуштајте тоа задоволство за сетилата и умот. А сега замислете да е дождлив ден.

РОМАНТИКА

Практичните аргументи се практични, но сепак изборот на дом во голема мера е и емоционално решение. За љубителите на романтиката и домашниот спокој, поткровното живеалиште е идеална опција. Има бескрајни можности за убав ентериер со романтична нота во секоја соба. Сместено на последниот кат со убава глетка и можност за излез на покривот, тоа би било едно прекрасно романтично поткровје.

ЗАСПИВАЊЕ ПОД НОЌНОТО НЕБО

Да, токму така. Поткровјата се најблиска алтернатива на спиењето на отворено. Дури и во најстудената зима човек може да се наслади на ноќното небо од топлата постела. Ова чувство не е да се пропуштање.

ЌЕ БИДЕ ЛИ ТОПЛО ВО ЛЕТО? ДА, НО НАДВОР!

Постои мислење дека поткровјата се обично топли во текот на летото и ладни во текот на зимата. И да, во минатото овој проблем бил на дневен ред, но не и до денес. Благодарение на модерните и висококвалитетни материјали – изолација, облоги и плочки сите проблеми поврзани со температурните промени, влага и мувла остануваат во минатото. Уште повеќе кога станува збор за поткровје, селекцијата на материјали е прашање на личен избор, а не на затекната а како би било кај новоизградените станови.

ПОТКРОВЈАТА ОБИЧНО СЕ ПОЕВТИНИ

Не е правилно да се ентузијазираме премногу, бидејќи тоа зависи од повеќе фактори како државата, градот и многу други. Вистината е дека поткровните простории сепак се наоѓаат и по пристапни цени во споредба со стандардните апартмани. Ако ги додадеме и сите овие пријатни моменти кои го придружуваат животот во нив – тие ќе станат практично непроценливи за своите сопственици.

или

Погледнете ги и останатите совети за вашето поткровје

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

или