5 еколошки свесни и совесни домашни активности кои ќе Ви заштедат пари

Често знаеме да бидеме во дилема за тоа како може позитивно да влијаеме врз одржливиот развој. Овие проблеми не можеме конкретно да ги насочиме кон големите компании, и на еден или друг начин сите имаме свој сопствен придонес, но се чини дека за овие теми се уште не сме доволно свесни.
Иако можеби нам знаат да ни изгледаат незначителни, сепак нашите индивидуални активности можат да придонесат позитивно кон одржливоста, за ова потребно ни е само посветеност и свест за зачувување на животната средина. Затоа овој блог ќе го посветиме на темата за која се зборува помалку отколку што е потребно, и ќе Ви понудиме 5 начини да придонесете кон позитивност, и тоа само преку мали активности. Веруваме дека барем еден предлог ќе биде применлив во вашиот животен простор и стил.

1.Исполнете го домот со растенија

Точно е дека не можете да изградите фабрика за кислород во вашиот дом, но ако мислите дека растенијата во вашиот дом имаат мал придонес за создавање на кислород, бидете информирани дека тоа малку, многу значи. Со растенијата ќе добиете почист и свеж воздух, а дополнително и убава внатрешна декорација. Доколку ви се допаѓа вкусот на свежи зачини во исхраната, искористете ги осветлени делови од собата и поставете ги вашите омилени билки. На овој начин, и вашиот стомак ќе има корист од вашето еко-одговорно однесување.

2.Променете и прилагодете го светлото

Ако сè уште не користите ниско-енергетска сијалица, следниот пат кога ќе дојде време за замена, одберете LED опција, или можете и сијаличките кои заштедуваат енергија и притоа траат подолго. Доколку не прашате колку долго траат овие штедливи сијалички, би Ви одговориле дека едноставна сијалица од 60W има просечен животен век од 1500 часа, додека LED сијалицата со иста моќ може да трае и до 25.000 часа.

Кога станува збор за дневна светлина, сите ние кои живееме на поткровје знаеме што значи тоа:
1) Во есен и во зимски денови – скапоцена, прекрасна и незаменлива светлина.
2) Во летниот период – светлина која е присутна насекаде, нагласена и наметлива.

Што се однесува до втората точка, точно знаеме која е причината што трошиме повеќе енергија. Климите работат многу повеќе за да ја оптимизираат температурата на 25 препорачани степени во текот на летото, додека сончевите зраци воопшто не ја олеснуваат работата и не соработуваат. Но затоа пак квалитетните ролетни се вашиот совршен придружник кој соработува. VELUX има богата понуда од внатрешни и надворешни квалитетни ролетни, ваше е само да изберете кои Ви одговараат најмногу.

3.Бидете свесни за потрошената вода

Можеме да се согласиме дека барем еднаш можеме да си дозволиме протокот на вода при миење на нашите заби, коса или додека ги миеме садовите. И тоа е во ред, бидејќи немаме секогаш сила да размислуваме за сè. Но доколку сме информирани дека проценката за тоа колку луѓе немаат никаков пристап кон оваа драгоцена вода, токму во овој момент додека го читате овој блог, ќе сфатиме дека заштедувањето е во малите трикови и начин на однесување, сето ова може да ни стане навика. Вкупната проценка е 738 милиони луѓе. Размислете за тоа дека водата не Ви е секогаш потребна додека ја трошите во моментот кога го применувате шампонот, се бричите или ги четкате вашите заби. Исто така, проверете ја и исправноста на чешмите. Многу е важно да биде во вистинска состојба, бидејќи само капењето може да доведе до непотребна потрошувачка и до 40 литри вода дневно. Доколку дојде време да ги смените санитарните елементи, погледнете ги активностите кои се наменети и се прилагодени да заштедите. Постојат и такви елементи кои што можат да заштедат вода до 30%.
Користете иста вода неколку пати. На пример, водата во која сте готвеле јајца може совршено да служи и за наводнување на цвеќето. Не само поради тоа што е чиста вода, туку и поради тоа што е збогатена со калциум кој им годи на растенија.
Доколку имате казанче поделена на два дела, користете ги копчињата совесно, доколку немате ваков тип, можете да наполните пластично шише од 2 литри вода, и да го вметнете во казанчето. Така ќе потрошите и до 2 литри вода помалку, во моментот кога го користите казанчето. Не го користете тоалетот како место во кое би ја фрлале хартијата.

Употребувајте ги вашите уреди ефикасно: секогаш вклучете ја машината за перење и машината за миење садови во моментот кога тие се потполно полни. Доколку сепак, не можете да чекате да помине време за да ги наполните уредите, вклучите ги на брза програма или краток циклус.

4.Наместо платика и хемија користете биоразградливи средства и производи

Дали знаевте дека оцет, сода бикарбона, како и сок од лимон во многу случаи може да ја замени “хемијата”, всушност тие знаат да бидат и подобри од средствата за чистење? Верувајте ни на зборот, говориме од искуство, обидете се да ги искористите кога тоа е можно. Кога одите на шопинг, користете кеси за еднократна употреба, за да спречите илјадниците пластични кеси да бидат присутни во вашиот дом. Овие кеси се направени од обновливи материјали, со што се чуваат ресурсите на планетата. Можете да ги најдете во различни големини, и материјали, и за оние на кои стилот им е важен, можеме да кажеме дека постојат и такви кои се доста модерни и шик.

5.Посветете се кон изолација на своето поткровје

Оваа ставка е изоставена бидејќи, за среќа, таа не припаѓа во секојдневните активности во домаќинството. Напротив! Изолацијата треба да биде еднократна работа и активност, доколку е добра, таа треба да трае цел живот. Со добра изолација, ќе заштедите на потрошувачката на енергија на долг рок, што е добра вест за вашиот џеб како и за вашата околина. Ви препорачуваме да го изолирате кровот со Knauf Insulation и нивниот LDS изолационен систем, кој покрај супериорната термичка заштита (комбинација од камен и стаклена волна), исто така, обезбедува заштита од бучава и влијанието на ветерот.

Ако се уште постои мала тајна од големите мајстори на еколошка ефикасност, споделете ја со нас! Знаете дека со нетрпение ги очекуваме вашите коментари.