• Чекор по чекор до квалитетно поткровје!

    Сè што треба да знаете за долготрајните решенија за вашето поткровје

Ако на располагање имате неискористено поткровје, или имате можност да го купите, неговото преуредување може да биде поедноставно отколку што мислите.

Во следните неколку чекори се опишува сè што треба да се земе предвид за неискористениот тавански простор да се претвори во простор за живеење, исполнет со природна дневна светлина.

Проценете ги можностите на своето поткровје

Пред да започнете со преуредување, важно е да се процени дали просторот во поткровјето е соодветен за целите на домување? Дали постојната покривна конструкција обезбедува доволно простор? Дали поткровјето е доволно високо?

Планирање на просторот

Пред да се започне со преуредувањето, потребно е да се испланира изгледот на поткровјето и распоредот на просториите. Во оваа фаза контактирајте со архитект, чие знаење може да ви помогне да одговорите на следниве прашања: Колку простории сакате и можете да имате во поткровјето? Каква е можноста за спроведување на сите потребни инсталации? Извор на дневна светлина – колку прозорци и каков нивни распоред?

Кровна конструкција

Проверете ги роговите и гредите – дали треба да се заменат со нови? Размислете за димензиите на прозорците кои сакате да ги вградите – дали растојанието меѓу роговите е доволно или е потребно премостување. Во оваа фаза советуваме консултации со статичар.

Нова кровна покривка?

При преуредување на поткровјето не е секогаш потребно да се менува и кровната покривка, но ако тој е застарен, сега е идеална можност за реализирање и на овој вид работи.

Кровни прозорци

За да обезбедите доволно светлина и свеж воздух, да се заштитите од топлината во летните месеци и самостојно да го регулирате количеството на дневна светлина која ја сакате, потребно ви е целосно решение за кровните прозорци.

Преградни ѕидови

Носечките ѕидови во долните катови најчесто не ја одредуваат положбата на преградните ѕидови во поткровјето, бидејќи тие можат да бидат лесни сувомонтажни преградни конструкции кои се слободно поставени во просторот.

Инсталации

Во текот на поставувањето на преградните ѕидови, потребно е да се спроведат и инсталациите – водовод, електрични инсталации, греење и сл.

Внатрешната клима на поткровјето најмногу ќе зависи од квалитетната термоизолација – парите инвестирани во изолацијата повеќекратно ќе се вратат преку заштедата на енергија.

35%

од енергијата „истекува“ преку неизолираниот кос покрив.

1000°C

точка на топење на изолацијата од камена волна.

5

елементи на изолацијата во LDS системот.

Кнауф плочи и завршна обработка на површините

Кнауф плочите нека ги исполнат вашите најстроги естетски барања, како и барањата за противпожарна безбедност, звучна изолација и акустика во просторот. Испланирајте ја однапред удобноста, дизајнот, нивото на безбедност и дозволете им на Кнауф плочите и вештите раце на монтерите да ви овозможат мир и комфор каков што заслужувате.

ИЗОЛАЦИЈА

ПРОЗОРЦИ

ГИПС

Претворете го неискористениот поткровен простор во простор за комфорен дневен престој!

 
© Сите права се задржани. Моето поткровје 2015-2024. Развиено од My Marketing